П „Лајка“ во текот на септември заловило 172 кучиња на територијата на Скопје, од кои 124 биле кастрирани или стерилизирани, информираат од претпријатието.

Во текот на месецот биле вдомени 44 кучиња, додека 105 биле вратени на локациите од кои биле заловени.

Теренските екипи на „Лајка“ постапуваат по пријави од граѓани, но и спроведуваат планирани активности во скопските општини.

Најмногу кучиња биле заловени во Бутел – 39, потоа во Кисела Вода – 29, Аеродром – 24 и Карпош – 23.

Најмал број заловени кучиња е регистриран во Чаир, каде што од „Лајка“ посочуваат дека нема пријави од граѓани.

Exit mobile version