Close Menu
Press24
    Најново

    Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев

    29.10.2026 во 10:45

    Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица

    29.10.2026 во 10:44

    Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата

    29.10.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор
    • Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузманоска: Компаниите можат да добијат до 250.000 денари за секое ново вработување

    Кузманоска: Компаниите можат да добијат до 250.000 денари за секое ново вработување

    16.07.2026 во 11:44Updated:16.07.2026 во 11:502 Mins Read
    ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во тек е јавниот повик на Владата за „Поддршка за креирање на нови работни места“, кој е насочен кон македонските компании кои сакаат да го прошират и развијат бизнисот, преку отворање нови работни места. Првата подмерка од овој повик е „Вработување и раст на правни субјекти“ преку која финансиски ќе се поддржат компании за вработување на вкупно 1385 лица со по 160.000 до 250.000 денари од работно место, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    -Вкупниот буџет за оваа финансиска поддршка за креирање на нови работни места изнесува 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра, а една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица. Финансиската поддршка варира согласно категоријата, каде што најголем износ се доделува за вработување на млади до 29 години, и тоа 250.000 денари по лице.За лица корисници на гарантирана минимална помош, Роми, лица со попреченост, жени, долгорочно невработени лица и за жени Ромки со завршено средно или високо образование, висината на грантот изнесува 220.000 денари. За невработени над 29 години висината на грантот за вработено едно лице изнесува 160.000 денари, стои во соопштението.

    Новина во оваа мерка е тоа што се третираат повратниците, со тоа што за секое вработено лице повратник, на работодавачот, во зависност од дефинираните износи на соодветна категорија на невработени лица, му се исплаќаат дополнителни 10% од вкупниот износ на одобрени средства.

    -Со ваквите мерки и политики, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ креира можности, професионален и кариерен развој за сите македонски граѓани од сите возрасти и категории и создава поволна економска клима за развој на македонското стопанство, вели ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Влада
    Прочитај повеќе

    Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев

    29.10.2026 во 10:45

    Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица

    29.10.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.