Close Menu
Press24
    Најново

    МВР спречи трагедија: Полицијата спаси малолетник кој објавил загрижувачка објава на социјалните мрежи

    01.03.2026 во 18:28

    Трагедија: Млад Македонец загина на работното место во Швајцарија

    01.03.2026 во 18:21

    Би-Би-Си: Иранците тврдат дека испалиле четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“

    01.03.2026 во 15:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР спречи трагедија: Полицијата спаси малолетник кој објавил загрижувачка објава на социјалните мрежи
    • Трагедија: Млад Македонец загина на работното место во Швајцарија
    • Би-Би-Си: Иранците тврдат дека испалиле четири балистички ракети кон американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“
    • Николоски: Со модернизација на ГП Деве Баир и новата обиколница целосно го развиваме источното крило на Коридор 8
    • Еве што ќе се случи со производството на нафта по нападот врз Иран
    • Владата со препораки до македонските државјани: Следете ги упатствата и контактирајте ги амбасадите
    • (ФОТО) Реконструирана обиколницата во Крива Паланка – Мицкоски верува дека инвестициите ќе ги вратат иселените дома
    • (ВИДЕО) Погледнете како изгледа небото на Блискиот Исток
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Зад грбот на народот течат криминални тендери а пред очите на граѓаните кујните на ВМРО им сервираат измислени афери

    Кузеска: Зад грбот на народот течат криминални тендери а пред очите на граѓаните кујните на ВМРО им сервираат измислени афери

    23.01.2026 во 12:323 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Вчера покажавме како изгледаат фабрикуваните лаги, токсичните наслови и погрдните текстови од кујните на ВМРО со илјада примери. Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои седејдневно се соочуваат граѓаните. Секојдневните скандали и катастрофалната економска состојба ги покрива со постојан дефокус и пренасочување на вниманието на граѓаните, се посочува во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на нивната портпаролка Богданка Кузеска.

    Зад грбот на народот течат криминални тендери а пред очите на граѓаните кујните на ВМРО им сервираат измислени афери, црни кампањи и јавен линч врз опозицијата, рече Кузеска.

    „Ова е хронологија на политиката на ВМРО за дефокус само во последните два месеци.

    Пред два месеци, СДСМ формираше Антикорупциски тим и започна со објавување нови бомби, нови докази за корупциски скандали со тендери на коалиијата ВМРО-ЗНАМ.

    161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за фирма со двајца врабоени основана пред една година, 51 тендер во општините, 1,2 милиони  евра преку Пошта за фрима блиска до ЗНАМ. Големи скандали на тендер коалицијата.

    Во тој период стиигна потврда на инфромацијата дека поради корупцски скандал со ИПАРД 3 програмата ЕУ ги блокирала средствата. Скандал тежок 130 милиони евра, со уапсен директор од ВМРО за проневера на еврпски пари.

    Веднаш почна дефокусот на ВМРО и кујните со лажни обвинувања, замислете дека Заев, Филипче и Николовски дозволиле пченица од државните стокови резерви да биде незаконски продавана“, посочи Кузеска.

    Кузеска потсети дека во првата половина на декември месец британските медиуми објавија информации дека постои договор за носење мигранти за пари во Македонија.

    „После овие вести, штанцањето теми за дефокус отидоа до плафон, дефокусот стана единствена политика на ВМРО.

    Зграда во Дубаи од 42 ката, Сент Мориц, Венеција, што ли не змислија.

    Ќе објават лажна вест за зграда во Дубаи, а во позадина ќе протуркаат Декрет во Собранието за замолчување на опозицијата.

    Ќе објавуваат нова измислица за Венеција, а во позадина се протнува Закон за странци како вовед во носењето на мигранти, односно „економски работници“.

    Дури ја нападнаа и СДСМ, договорено и координирано, пред Конгрес.

    Па се до последниот пример. Сите да се занимаваат со лажните вести на Алфа ТВ и црната кампања на ВМРО против претседателот Филипче, додека се увезуваат 10.000 „економски работници“.

    Над 200 текстови дневно кои секојдневно се објвауваат.

    Кучињата лаат – ранаванот си врви.

    Нема одговори за ниту едно прашање од интерес на граѓание.

    Нема одговор зошто нема зголемување на платите, нема одговор за тоа што недостасуваат 2 милијарди евра во буџетот.

    Нема одговор ниту за криминалните тендери, ниту за Алта банка, за прославите на Стоилковиќ со ноќните волци на Путин.

    Нема одговор ниту за „економските работници“.

    Има само дефокус.

    Сега веќе сите во Македонија знаат: секогаш кога ќе излезе некоја измислена, фабрикувана афера, тоа е ДЕФОКУС.

    Секогаш кога ќе излезе текст од кујните на ВМРО се случува уште една пљачка зад грбот на народот.

    Планот е едноставен: изолација, избори, па мигранти за пари“, потенцираше Кузеска.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Масовна тепачка пред угостителски објект во Карпош: Приведени седум лица

    01.03.2026 во 13:35

    Ужас во Делчево: 15-годишник обљубил малолетничка

    01.03.2026 во 13:33

    Од денеска крај за СМС-кодовите при онлајн плаќање, стапуваат во сила нови сигурносни правила

    01.03.2026 во 10:39

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.