Close Menu
Press24
    Најново

    Кузеска: Владата сака луксузот на Мицкоски да го платат граѓаните

    18.02.2026 во 12:24

    (ФОТО) Гореа викендица, куќа и оџаци – струмичките пожарникари со полни раце работа

    18.02.2026 во 12:12

    Мицкоски праќа јасна порака: Нема повеќе профитирање на грбот на граѓаните – воведуваме ред во економијата и пазарот

    18.02.2026 во 12:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Кузеска: Владата сака луксузот на Мицкоски да го платат граѓаните
    • (ФОТО) Гореа викендица, куќа и оџаци – струмичките пожарникари со полни раце работа
    • Мицкоски праќа јасна порака: Нема повеќе профитирање на грбот на граѓаните – воведуваме ред во економијата и пазарот
    • Дневен хороскоп: Месечината во Риби носи мир, но и длабоки емоции – еве кој знак треба денес да „закочи“, а кој да ужива во љубовта
    • Подгответе се за многу студен викенд – од понеделник пресврт
    • Премти му посака срдечното добредојде на Муцунски
    • Силниот ветер ја „запре“ жичницата на Водно
    • Аларм од СЗО за цела Европа: Се заканува нов вирус, болките траат пет години
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Владата сака луксузот на Мицкоски да го платат граѓаните

    Кузеска: Владата сака луксузот на Мицкоски да го платат граѓаните

    18.02.2026 во 12:24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Се уште нема одговори колку чинеше луксузирањето на Мицкоски со владиниот авион и кој бил со него, рече на денешната прес-конференција Богданка Кузеска – портпаролка од редовите на СДСМ.

    Но, луксузирањето на Христијан Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го откри неговото вистинското лице и лицето на неговата расипничка власт, истакна Кузеска.

    „До толку се опиени од моќта, од аздисаноста, државата ја сметаат за нивна приватна сопственост, шанса за бизнис и уживање, а граѓаните за поданици кои се тука да им го плаќаат луксузот.

    Додека народот брои денари до крајот на месецот, работниците се на улиците за поголеми плати, премиерот лета на одмор со владин авион.

    Владата вели нема пари за плати, одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра.

    Им кратат 40 милиони евра на земјоделците за субвенции, 5 милиони евра од поддршката во спортот.

    Дури и на лицата со ретки болести им скатија 3 милиони евра!

    А истовремено планираат да купат нов владин авион вреден околу сто милиони евра.

    Како со тендерите, 161, 51, 72, вредни милиони евра, како да се колачи“, посочи Кузеска.

    Кузеска рече дека со сума од околу 100 милиони евра се обезбедува половина од потребните пари за зголемување на минималната плата на 600 евра за работниците.

    „Може да се изградат најмалку 20 нови современи училишта низ државата, 25 градинки, 10 студентски домови со што илјадници студенти би добиле достоинствени услови за живот и студирање.

    Со парите за еден луксузен авион може да се изградат 3 нови модерни болници или целосно да се реконструираат повеќе постоечки здравствени центри.

    Може да се изградат 20 згради за социјални станови, десетици километри водоводи и канализации во рурални и урбани средини каде граѓаните со години чекаат основни услови за живот.

    Но наместо пари за плати, за пензии, за училишта, болници, Владата сака луксузот на Мицкоски да го платат граѓаните.

    Тоа е приоритетот на оваа тендер коалиција ВМРО-ЗНАМ.

    Ова е безобразие без граници.

    Бараме криминалната власт веднаш да се откаже од намерата за купување на нов авион.

    Државата не е приватна компанија, а народните пари не се играчка за опиена, аздисана и криминална власт“, порача Кузеска.

    Популарно

    ФОТО: “Кога не се чувствуваш баш добро, а мора…”- Последната објава на починатиот Виктор од Прилеп

    18.02.2026 во 08:34

    Собранието гласа за нов уставен судија

    18.02.2026 во 08:21

    МВР со апел, не наседнувајте на измами: Жена остана без 3.000 евра, на други им барале 20.000

    18.02.2026 во 09:16

    ЕВН најави исклучувања – Без струја улици во три скопски општини

    18.02.2026 во 08:18

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.