Close Menu
Press24
    Најново

    Знаци дека некоја личност манипулира со вас: Обрнете внимание на 7 психолошки трикови

    04.05.2026 во 23:49

    Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода

    04.05.2026 во 23:36

    Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд

    04.05.2026 во 23:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Знаци дека некоја личност манипулира со вас: Обрнете внимание на 7 психолошки трикови
    • Дел од Топанско Поле утре ќе остане без вода
    • Утре сончево време, од среда нестабилно со врнежи од дожд
    • Луѓето родени во мај се посебни, ги красат овие карактеристики
    • Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
    • Цената на нафтата „Брент“ надмина 115 долари по нападите врз Обединетите Арапски Емирати
    • Тинејџери шамареле деца на игралиште: Ново сведоштво за насилство во Скопје
    • Путин прогласи еднострано примирје на 8 и 9 мај
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Учениците без учебници, владата се гоштева со ф’стаци и бадеми – Јаневска да понесе одговорност

    Кузеска: Учениците без учебници, владата се гоштева со ф’стаци и бадеми – Јаневска да понесе одговорност

    23.09.2025 во 12:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДСМ остро ја критикува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерката за образование Весна Јаневска поради, како што велат, целосен колапс во испораката на учебници за учениците во новата учебна година.

    Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, посочи дека илјадници ученици низ државата се принудени да учат без учебници, а оние кои ги имаат, добиле стари, оштетени и неупотребливи материјали. Според СДСМ, родителите не треба да бидат принудени да печатат учебници дома, ниту наставниците да импровизираат на своја рака.

    „Наместо да преземе одговорност, Весна Јаневска прво ветуваше дека проблемот ќе го решава со донации, а потоа се повлече и изјави дека учебниците се достапни во PDF формат на интернет. Тоа не е решение, туку бегање од одговорност“, изјави Кузеска.

    СДСМ бара Министерството за образование итно да обезбеди учебници за сите ученици и да преземе одговорност за, како што велат, оваа срамна ситуација која го загрозува квалитетот на образованието во земјата.

    Дополнително, СДСМ ја обвинува власта за расипничко трошење на јавните пари, додека граѓаните се борат со економска криза и енормно зголемени трошоци за живот.

    „Додека учениците немаат учебници, Службата за општи и заеднички работи на Владата троши 180.000 евра за апетисани – бадеми, лешници, ф’стаци и индиски ореви. После луксузот со манго, папаја и бејби биф, ова е уште еден доказ за расипништвото на владата на ВМРО-ДПМНЕ“, посочи Кузеска.

    СДСМ порачува дека ова не е само политичко прашање, туку директно влијае на иднината на децата и целиот образовен систем. Партијата бара итна реакција и преземање одговорност од страна на министерската Јаневска и владата на Христијан Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Ковачки: Гоце Делчев е вечен симбол на слобода, правда и чесност, единството меѓу народот

    04.05.2026 во 20:16

    Сајкоски: Кога говориме за Гоце Делчев, ние зборуваме за државноста и она што во иднина следи

    04.05.2026 во 19:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.