Close Menu
Press24
    Најново

    Жичницата на Водно денеска нема да биде во функција – не е безбедно

    25.02.2026 во 11:44

    Повторно напад во Центарот за социјални работи: Две лица насилно влегле во канцеларија и нападнале вработена

    25.02.2026 во 11:36

    Кузеска: Разоткриено е сценариото ВМРО-ДУИ, Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

    25.02.2026 во 11:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Жичницата на Водно денеска нема да биде во функција – не е безбедно
    • Повторно напад во Центарот за социјални работи: Две лица насилно влегле во канцеларија и нападнале вработена
    • Кузеска: Разоткриено е сценариото ВМРО-ДУИ, Обвинителството се заплетка со притворот за Груби
    • Што се случува со температурите во Европа: На југ измерени 28°C, додека на север -26°C
    • ЗНАМ: Али, Зоки, Венко – Правдата ќе ве стигне
    • Хрватскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија
    • Сведочи придружниот вокал на ДНК: Имаше луѓе над мене, сцената беше како хорор филм
    • Британија воведува нови правила, без овој документ нема влез во земјата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Учениците без учебници, владата се гоштева со ф’стаци и бадеми – Јаневска да понесе одговорност

    Кузеска: Учениците без учебници, владата се гоштева со ф’стаци и бадеми – Јаневска да понесе одговорност

    23.09.2025 во 12:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СДСМ остро ја критикува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и министерката за образование Весна Јаневска поради, како што велат, целосен колапс во испораката на учебници за учениците во новата учебна година.

    Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, посочи дека илјадници ученици низ државата се принудени да учат без учебници, а оние кои ги имаат, добиле стари, оштетени и неупотребливи материјали. Според СДСМ, родителите не треба да бидат принудени да печатат учебници дома, ниту наставниците да импровизираат на своја рака.

    „Наместо да преземе одговорност, Весна Јаневска прво ветуваше дека проблемот ќе го решава со донации, а потоа се повлече и изјави дека учебниците се достапни во PDF формат на интернет. Тоа не е решение, туку бегање од одговорност“, изјави Кузеска.

    СДСМ бара Министерството за образование итно да обезбеди учебници за сите ученици и да преземе одговорност за, како што велат, оваа срамна ситуација која го загрозува квалитетот на образованието во земјата.

    Дополнително, СДСМ ја обвинува власта за расипничко трошење на јавните пари, додека граѓаните се борат со економска криза и енормно зголемени трошоци за живот.

    „Додека учениците немаат учебници, Службата за општи и заеднички работи на Владата троши 180.000 евра за апетисани – бадеми, лешници, ф’стаци и индиски ореви. После луксузот со манго, папаја и бејби биф, ова е уште еден доказ за расипништвото на владата на ВМРО-ДПМНЕ“, посочи Кузеска.

    СДСМ порачува дека ова не е само политичко прашање, туку директно влијае на иднината на децата и целиот образовен систем. Партијата бара итна реакција и преземање одговорност од страна на министерската Јаневска и владата на Христијан Мицкоски.

    Популарно

    Нека не ве лаже сонцето – Полицијата ќе ве казни 2800 денари ако го немате ова во возилото

    25.02.2026 во 08:13

    Ужас во регионот: Наместо вода бабата му сипала бензин, бебето течноста ја испило во градинка и се затруло

    25.02.2026 во 09:15

    Што значи ако кокичињата цветаат пред крајот на февруари – еве зошто треба да бидеме загрижени

    25.02.2026 во 09:20

    Собранието расправа за платите на функционерите, судиите, обвинителите

    25.02.2026 во 08:06

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.