Кузеска: Минутажата за реклами на Беса, АВМУ ѝ ја дава на ВМРО-ДПМНЕ

 

СДСМ ја обвини Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги дека работи под диктат на ВМРО-ДПМНЕ и оти на оваа партија ѝ ја дала целата минутажа предвидена за рекламирање на двете опозициски партии.

„Ставајќи се целосно во партиска служба, директорот на Агенцијата назначен од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Трајчески, не го почитува законот и известувањето на ДИК за распределба на медиумски простор за двете најголеми опозициски партии. Иако во описот се вели дека 6 минути им припаѓаат на двете најголеми опозициски партии, кои на последните избори за пратеници имаат освоено повеќе гласови, АВМУ им наредува на медиумите да ги распределат сите 6 минути единствено на ВМРО ДПМНЕ. Во ваков случај на движењето Беса кое во коалиција со СДСМ му се нанесува штета“, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели дека АВМУ го игнорирала обраќањето на ДИК до Беса за да се изготви план за медиумско претставување и издала наредби спротивни на Изборниот законик.

„ВМРО ДПМНЕ е навикната да ги контролира медиумите и сиот простор да биде за нив. Остатоците од режимот со последни сили се обидуваат на секој начин да се спасат колку можат. Уште не почнат, ризикуваат да загрозат демократски изборен процес, со што и нанесуваат штета на државата и евроинтегративниот процес“, вели Кузеска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2020 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега