Кузеска: ДПМНЕ со Силјановска Давкова нудат враќање назад во изолација, далеку од ЕУ

 

На претстојните претседателски и парламентарни избори граѓаните имаат шанса да го изберат правецот на државата, изјави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ со кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова нуди враќање назад, а СДСМ е единствената опција која нуди надеж и продолжување на напредокот по вистинскиот пат.

„СДСМ иднината на С. Македонија ја гледа во ЕУ, како горда членка. Направивме се што е можно тоа да се случи додека опозициската ДПМНЕ блокираше. Единствен начин за огромна трансформација на македонското општеството е со да станеме членка на ЕУ. Тоа е можеби и единствена шанса за функционален судски систем и целосно владеење на правото. Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ заедно со Силјановска е да се откажеме од иднината, да се откажаме. Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат“, рече Кузеска.

Додаде дека доволно е само да се погледне што се случи во Скопје, односно „ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, не донесе никаква реформа, само катастрофа.

02.03.2024 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега