Јавноста сѐ уште не добила официјален, потпишан документ за Гостивар. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција упати жестоки критики до Владата дека граѓаните сѐ уште немаат гарант дека водата во Гостивар смее да се користи барем како техничка.

„Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката“ вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата, праша Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.“

Опозицијата ги сумираше сите последни случаи на контаминација и заматување на водоводите во градовите и селата низ Македонија, обвинувајќи за тотално потфрлање на државниот систем и отсуство на одговорност.

Во однос на загрижувачката слика на терен и состојбата со реките, портпаролката на СДСМ истакна:

„Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај. Крушево – вода заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја. Маврово – привремено не е за пиење. Лепенец и Вардар – бела пена, четири дена тишина. Валандово – присуство на арсен. Лешок, колиформни бактерии. Последно и водата во Булачани не е безбедна за пиење. Мицкоски и организираната криминална група ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија. Граѓаните пијат отров. А одговорни – нема“, рече Кузеска.

Exit mobile version