Курти: Без признавање на независноста на Косово, нема нормализација на односите со Србија

Новиот косовски премиер Албин Курти рече дека „нема нормализација на односите со Србија, доолку не се признае независноста на Косово“. По гласањето за предложениот кабинет, тој нагласи дека главен приоритет на Владата ќе биде „надминување на ситуацијата што ја создаде пандемијата, а потоа на ред ќе дојдат правдата, вработувањата, економскиот развој и реформа на образованието“.

 

– Пандемијата е главен предизвик. Без да губиме време, ќе смислиме план за нови мерки и ќе имаме цел да вакцинираме 60 отсто од населението. Ќе продолжиме со проверка за воспоставување на правда, образованието, исто така, ќе биде реформирано, истакна Курти.

 

Во делот на дијалогот со Србија, Курти порача дека „без признавање на стварноста на независно Косово и прифаќање на вистината од Србија, не може да има нормализација меѓу двете земји и двата народа“.

Рече дека Косово има отворени прашања со Србија што треба да ги решава низ дијалог, но истовремено нагласи дека не може да се постигне напредок, ако нема напредок во решавање на судбината на исчезнатите на Косово.

Курти додаде дека „со помош на реципроцитет ќе се унапредуваат односите со соседите“. Подвлече дека патот за членство во Европската Унија (ЕУ) може да биде предизвикувачки, но и дека нема алтернатива.

За свој прв заменик премиер, Курти го предложи Бесник Бислими од „Самоопределување“ кој ќе биде надлежен и за евроинтеграции, дијалог и развој. Потпретседатели се и Доника Гервала, од Иницијативата на Вјоса Османи, која ќе раководи и со министерството за надворешни работи, и Емилија Реџепи од бошњачката заедница која ќе биде задолжена и за положбата на малцинствата и за човековите права.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега