Куршум го пробил ѕидот на градинка во Аеродром додека членови на Изборна комисија пребројувале гласови
Синоќа околу 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градинка на ул.„Коста Новаковиќ“ во скопската населба Аеродром, додека членовите го пребројувале гласачкиот материјал слушнале пукање, а проектил завршил во градинката.
Проектилот поточно завршил на гласачкото место бр.2687, каде биле присутни претседателот и седум членови на Изборната комисија. Повредени лица нема, а оштетен е ѕидот низ кој поминал проектилот.
16.07.2020 - 17:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа