Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    УХМР објави метео аларм: Пекол низ цела Македонија

    25.08.2026 во 11:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МЗШВ: Исплатени се над 15,3 милиони денари за органско производство на 987 земјоделци
    • Поставен е камен-темелник за автопатот Скопје–Блаце: Николоски најави посилно регионално поврзување
    • Приведени две лица во струмичко: Пронајдени марихуана и стебло од канабис
    • Вељановски: Во Гази Баба се цртаат „хотели“ наместо станови за да се заштедат 23,5 милиони евра комуналии
    • Полициска контрола на плажа во Охрид: Скопска фирма и сопственикот заработија кривична за точење алкохол на малолетници
    • Поповиќ: Бараме итно намалување на ДДВ-то за горивата на 5% и преполовени акцизи
    • Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 6.509 лица
    • Марта Кос најавува нови правила за проширувањето на ЕУ и предупредува на „тројански коњи“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Куманово: Поднесени 160 барања за обесштетување по невремето

    Куманово: Поднесени 160 барања за обесштетување по невремето

    07.08.2026 во 14:482 Mins Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    До Општина Куманово поднесени се 160 барања и известувања од граѓани и правни субјекти за надомест на штети предизвикани од невремето што го зафати градот на 20 јули, информираа денеска од Општината.

    Оттаму соопштија дека најголемиот дел од пријавите се однесуваат на оштетени фасади, откорнати кровни конструкции на семејни куќи и станбени згради, оштетувања на покриви, како и штети на возила предизвикани од откорнати делови од кровови и паднати дрвја.

    Пријавени се и штети од поплавување со атмосферски води кои навлегле во објекти од улици и тротоари, како и оштетувања на земјоделски насади.

    Од локалната самоуправа потсетија дека рокот за поднесување барања за обесштетување истече на 31 јули, согласно одлуката на Комисијата донесена по невремето од 20 јули. Согласно законската регулатива, од Општината потенцираат дека сопствениците на објектите имаат обврска преку тековно и инвестициско одржување да ги обезбедат основните барања за безбедност и функционалност на градбите. Комисијата за проценка и утврдување на висината на штета од природни непогоди и други несреќи на подрачјето на Општина Куманово досега одржала два состанока, на кои биле разгледани сите пристигнати барања.

    По извршениот увид на терен и проценката на висината на штетите, Комисијата ќе изготви елаборат-извештај, кој ќе биде доставен до надлежната комисија формирана од Владата за понатамошно постапување.

    Прочитај повеќе

    Поставен е камен-темелник за автопатот Скопје–Блаце: Николоски најави посилно регионално поврзување

    26.08.2026 во 12:32

    Приведени две лица во струмичко: Пронајдени марихуана и стебло од канабис

    26.08.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.