Куманово: 66-годишен маж ги застрела неговата сестра и нејзините синови - двајца загинати
Најмалку двајца загинати во престрелка во селото Габреш, кумановско, објави Телма.
Три лица се застрелани, а двајца од нив починале.
Од СВР Куманово и МВР потврдуваат дека има таков крвав настан и најавуваат повеќе информации.
Првично потврдуваат дека инцидентот се случил околу 12:25 во селото Габреш каде 66-годишен маж ја застрелал неговата сестра и двајцата нејзини синови односно негови внуци.
63-годишната жена и нејзиниот 38-годишен син починале на лице место. Третиот ранет е префрлен во кумановската болница.
Напаѓачот е уапсен. Првични информаци се дека станува збор за нерасчистени имотно-правни односи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа