Вчера во 20:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово мотоцикл „бмв“ со швајцарски  национални ознаки, управуван од З.Б.(48) од Куманово, удрил во пешакот М.Д.(74) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.

Со телесни повреди се здобиле З.Б. и неговата 36-годишна сопатничка Л.Д. од Украина.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Leave A Reply

Exit mobile version