Вчера во 14:45 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода А.А.(45) и Ј.Д.(36), двајцата од Кичево. Тие се сомничат дека околу 13:30 часот, кај месноста „Сеферов бунар“, во близина на селото Трапчин дол, кичевско, по претходна расправија, со нож го нападнале и му нанеле убодни рани на Б.А.(38) од Кичево.
Тој, по укажаната помош во болницата во Кичево, поради сериозноста на повредите е пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.
- Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син
- САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко
- Хорор вечер за 65-годишен скопјанец, две лица му се заканувале со остар предмет
- Макрон со апел до Нетањаху: Не влегувајте со војска во Либан, тоа е огромна грешка
- 8-ми март ќе им го промени животот: Три хороскопски знаци ќе добијат награда што не се купува со пари
- Мицкоски утре ќе присуствува на проширување на производните капацитети на „АКТИВА“ ДОО Штип
- Велешанец со „форд“ се забил во бетонски скали од куќа – итно пренесен во болница со тешки повреди
- Никако не ги внесувајте во домот – Kокичињата кријат темна страна


