Синоќа во 22:20 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ј.(29) од Скопје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 29-годишниот М.Ј. бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава од неговата 81-годишна мајка дека околу 12:00 часот во семејниот дом ја нападнал со тврд предмет и искршил дел од покуќнината.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Exit mobile version