Авиокомпанијата „Кроација ерлајнс“ продолжува со намалување на бројот на летови на релациите Загреб–Скопје и Загреб–Сараево, објави специјализираниот портал „Екс-ју авијација“.

Според објавените податоци, во текот на јуни ќе има во просек по седум летови неделно кон Скопје, што е помалку во споредба со минатата година, додека кон Сараево бројот ќе изнесува околу девет до десет летови неделно.

Промените доаѓаат во услови на пошироки прилагодувања на распоредот на летови и зголемени трошоци во авиоиндустријата, при што дел од авиокомпаниите веќе најавија и откажувања на линии и промени во мрежата на дестинации.

Exit mobile version