Крмов: Власта не може да обезбеди кворум, а се однесува како да има двотретинско мнозинство – Левица е за предвремени избори

 

Пратеникот од Левица Борислав Крмов вели дека власта се однесувала како да има двотретинско мнозинство, а не може да обезбеди кворум за одржување на седници во Собранието. Појаснува дека неговата партија е за одржување на предвремени избори.

-Ние сме апсолутно за предвремени избори. Мислиме дека баш ситуацијата е за тоа. Гледаме до каде се преговорите со Бугарија, гледаме како се турка реформата на образованието без консензус на сила. Ние по најновите анкети кои што излегоа Левица е единствената партија за којашто има ентузијазам. Сите партии во државата бележат пад, додека Левица бележи раст. Клучен раст од завршувањето на изборите досега во тие четири-пет месец ние имаме плус 250 % раст на нашиот рејтинг, вели Крмов.

Појаснува дека овој раст партијата го бележи во услови кога парите на Левица се заробени во сега веќе пропаднатата Еуростандард банка.

Вели дека за Левица прифатливи се предвремени избори и заедно со локалните кон крајот на оваа година, но и на почетокот на следната.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2021 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега