Украинскиот главен град Киев се соочува со сериозни проблеми во снабдувањето со топлинска енергија по серијата руски воздушни напади врз критичната инфраструктура. Градоначалникот Виталиј Кличко утрово информираше дека околу 3.000 станбени повеќекатници сè уште се без греење.

„Од утрово, речиси 3.000 повеќекатници во главниот град остануваат без греење“, напиша Кличко на својот Телеграм канал, нагласувајќи дека службите работат под висок притисок.

Тој додаде дека екипите за итни интервенции успеале во текот на ноќта да го обноват снабдувањето во 270 објекти, но ситуацијата останува критична поради ниските температури кои во регионот се спуштаат длабоко под нулата. Градските власти апелираат на трпение додека траат сложените поправки на оштетената мрежа.

Exit mobile version