СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид со приоритетна дејност одгледување на зачински, ароматични и лековити растенија и против Р.Д.(54) од Охрид, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Имено, второпријавениот во периодот од 28.04.2025 до почетокот на март 2026, не го известил Министерството за здравство, односно не доставувал писмени известувања до надлежната комисија за настанати промени во однос на количината на финален производ сув цвет, како и чување на цветот во несоодветни простории.

При извршена контрола, пронајдената и затекнатата роба била запечатена во просториите на подружницата на правното лице во с.Ново Село, општина Дебрца.

Exit mobile version