Кристина Депо од Град Скопје за Сител: Службите работат до 16 часот

Шефицата на одделот за односи со јавноста на Град Скопје, Кристина Депо во изјава за Сител ТВ, одговарајќи на новинарско прашање за тоа зошто службите не се активирани во градот за да се справат со сообраќајниот хаос, кажа дека службите работеле до 16 часот а Град Скопје, и дека не била портпарол за да ги даде деталите. 

За потсетување, попладнево од 15 часот до 18 часот главниот град имаше сообраќајна блокада, а граѓаните со часови не можеа да пристигнат во своите домови. 

Вечерва сообраќајот е нормализиран. 

22.12.2023 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа