Дигиталниот гигант „Мета“ донесе одлука која ги згрози експертите за безбедност и милиони корисници ширум светот. Почнувајќи од 8 мај 2026 година, приватните пораки (DM) на Инстаграм повеќе нема да бидат заштитени со т.н. „end-to-end“ енкрипција.

Ова значи дека содржината на вашите разговори повеќе нема да биде видлива само за вас и вашиот соговорник, туку компанијата повторно ќе има техничка можност да пристапува до нив.

„Оваа технологија досега овозможуваше целосна приватност – дури ни самата компанија не можеше да ги чита пораките. Со нејзиното укинување, Meta повторно ќе има можност да ја анализира содржината на разговорите“, велат упатените.

Официјалното образложение е дека мал број корисници ја користеле опцијата, но зад сцената се кријат притисоци од владини институции за поголем надзор и развој на новите AI алатки на компанијата.

Exit mobile version