По речиси два месеци блокади, во текот на денешниот ден се очекува грчките земјоделци конечно да ги повлечат своите трактори од граничниот премин Евзони. Одлуката за прекин на протестите доаѓа по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, каде земјоделците ги разгледаа понудените решенија и донесоа одлука за постепено повлекување од патиштата.

Се очекува до утре сите сообраќајници да бидат целосно проодни, а тракторите да бидат тргнати од улиците. Со ова се става крај на прекините во сообраќајот кои траеја од 1 декември, кога земјоделците од северна Грција го блокираа влезот и излезот од земјата.

„Денеска земјоделците ќе се повлечат од Евзони, а во текот на следниот месец веројатно ќе се сретнат со министерот за земјоделство Костас Циарас“, стои во најавите за следните чекори на земјоделските здруженија.

Exit mobile version