Крадец падна во рацете на македонската полиција

 

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 11.35 часот на улица „146“ во Тетово лишиле од слобода 50-годишен тетовец, Р.Љ., осомничен дека на 1 февруари  извршил кривично дело „тешка кражба“.

МВР информира дека од зграда во изградба, сопственост на Ф.Е.(50) од тетовското село Милетино, осомничениот одзел повеќе предмети.

-Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

07.02.2025 - 10:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега