Крадец од Струмица заврши зад решетки

На 26.05.2023 во 23.30 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Н.Р.(30) од Струмица, кај кого при преглед биле пронајдени предмети кои потекнуваат од тешка кражба во возило, извршена на подрачје  на Струмица, информираат од МВР.

Лицето е задржано во полициска станица Струмица, за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

27.05.2023 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега