Close Menu
    Најново

    СДСМ го напушти Собранието: Нема цел да има опозициски прашања кога министрите не се тука

    16.12.2025 во 15:31

    „Зелен хуман град“: Oткажан новогодишниот огномет во Скопје

    16.12.2025 во 15:22

    Поскапуваат мобилните телефони

    16.12.2025 во 15:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • СДСМ го напушти Собранието: Нема цел да има опозициски прашања кога министрите не се тука
    • „Зелен хуман град“: Oткажан новогодишниот огномет во Скопје
    • Поскапуваат мобилните телефони
    • Еко аларм: Скопје петти најзагаден град во светот, втор во Европа
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Алжир, Абделмаџид Наaмун
    • Вучиќ: Ние сме големи губитници
    • Велес: Условна казна затвор за родител кој на малолетен син му дал електричен тротинет
    • Спречен бомбашки напад за Нова Година во Калифорнија: Приведени четири лица
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Коњановски: Битола ќе продолжи да расте и да биде град со кој сите ќе се гордееме

    Коњановски: Битола ќе продолжи да расте и да биде град со кој сите ќе се гордееме

    29.09.2025 во 16:08
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Со голема чест и благодарност денес Ви се обраќам на почетокот на едно ново поглавје, почеток на изборната кампања за довербата која што повторно ја барам од вас. Изминативе години ми ја доверивте честа и одговорноста да ја водам нашата Битола, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски.

    Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа, период, во кој сите заедно бевме сведоци дека Битола живееше во ритам на градење. Се градеше насекаде, од централното градско подрачје, до најоддалечените рурални места. Се работеше на јавните објекти, топлификацијата, инфраструктурата, културата, спортските објекти, се изградија патишта од над 50 километри. И се уште се гради, не само поради проектите кои што ги започнавме, туку затоа што веруваме дека нашиот град заслужува да има иднина, заслужува да биде поквалитетно место за живеење и заслужува да се движи напред. Поставивме цврсти темели врз кои ќе може да се надоградува една модерна, урбана, чиста и динамична Битола. Темели на инфраструктура, на енергетска ефикасност, на нови образовни стандарди, на култура и спорт, на заштита на животната средина. Сега, драги мои сограѓани, доаѓа ново време. Доаѓа период во кој трудот што го вложивме, ќе почне да носи видливи резултати. Следните четири години ќе донесат реализација на нови проекти и години на живеење со резултатите од сето тоа што го работевме. По изградбата на булеварскиот влез од страната на Прилеп, соодветен булеварски влез ќе има и од страната на Охрид. Јавниот превоз ќе биде едно од најзначајните задачи во овој мандат. Симболот на Битола – реката Драгор, ќе биде уредено по светски стандарди. Ќе продолжиме со комплетна модернизација на градската инфраструктура, со нови улици, велосипедски патеки и современи јавни простори. Ќе продолжиме да инвестираме во зелената иднина преку паметни решенија, со што Битола ќе чекори стабилно кон одржливиот урбан развој. Грижата за образовните и спортските капацитети останува наш приоритет, бидејќи во младите е нашата иднина. Создадовме помодерен, дигитализиран и ефикасен локален сервис, кој веќе е поблиску до граѓаните. Ваквиот пристап ќе го надградуваме и прилагодуваме на нивните потреби. Културата и спортот ги издигнавме на ниво на светски случувања. Битола е препознатлива на светската мапа на спортски настани во ракометот, фудбалот, кошарката, кои се одигруваат во современи услови. Ќе продолжиме уште повеќе да ја издигнуваме Битола во спортски рамки, преку одржување на голем број меѓународни спортски настани и надградба на спортските капацитети. Создадовме културни брендови, препознатливи не само во регионот, туку и надвор од државата. Тука е Зимската приказна, Битфест, гостување на врвни музички, театарски и уметнички имиња. Ќе го јакнеме веќе создадениот квалитет, надградувајќи го со уште поволеми културни вредности. Битола е град на историјата и традицијата, но и град на млади луѓе кои имаат право да сонуваат за сопствена иднина дома, во својот град. Затоа, заедно со мојот тим, ќе продолжиме да работиме на создавање на нови работни места, да привлекуваме инвестиции и да ги задржиме младите, нудејќи им квалитетен живот. Да ја јакнеме локалната економија со социјален напредок. Ќе го поддржиме локалниот економски развој и новите работни места, преку партнерство и соработка со бизнис секторот. Јас верувам во Битола. Верувам во нејзината иднина. Верувам во решителноста да создадеме уште поубав живот овде, дома. Нашата визија за Битола не е само ветување, визијата веќе се остварува. Секој проект, секоја улица, секоја нова можност е доказ дека заедно можеме многу, истакна Коњановски.

    Ве поканувам повторно да тргнеме по истиот пат на развој, современост и достоинствен живот. Со вашата доверба, со нашето заедничко залагање, Битола ќе продолжи да расте и да биде град со кој сите ќе се гордееме. Заедно, со Вашата поддршка, да ја напишеме следната, најубава страница од приказната наречена Битола, додаде тој.

    Популарно

    Зеленски: Ако Путин одбие САД ќе ни обезбедат пари и оружје

    16.12.2025 во 11:13

    Напаѓачот од Сиднеј се разбуди од кома – Полицијата го испрашува

    16.12.2025 во 10:41

    Европските лидери се договорија: Мултинационални сили како дел од безбедносните гаранции за Украина

    16.12.2025 во 10:35

    Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени

    16.12.2025 во 11:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.