Ковачки ветува 3 милијарди евра за капитални инвестиции, а за општините по 250 милиони евра годишно

И Македонија и Македонска Каменица заслужуваат да бидат повторно горди, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на третата Изборна единица.

„Планираме да инвестираме 3 милијарди евра во капитални инвестиции, планираме да дивестираме 250 милиони евра од централниот буџет за нашите општини, од кои 3 милиони евра ќе одат директно до Македонска Каменица и нејзините граѓани“, рече Ковачки.

Тој упати повик за масовна излезност на изборите, и глас за професорката Гордана Силјановска Давкова при изборот за претседател на државата.

10.04.2024 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега