Ковачки: МВР го сузбива криминалот и корупцијата

 

Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој зборуваше за актуелни теми, за акцијата која ја спроведе МВР и сузбивањето на терористичките ќелии и за тоа од колкави размери се тие истите, како и за нивната сериозност и опасност за државата, односно дека таквите терористички групи не и носат ништо добро на државата, и со оглед на тоа безбедносните служби успешно презеле мерки и активности за нивно сузбивање.

„Секој обид да се релативизираат еве тие лица односно нивните активности мислам дека не и носат добро на државата. Сите што се малку по упатени во оваа проблематика знаат дека целта на терористите односно на таквите активности е за да со помалку средства, ресурси човечки се постигнат одредени стратешки цели па дури и политички цели, најчесто се работи за политички цели за постигнување на цели коишто ќе влијаат на одредени политички одлуки во понатамошниот тек. Она што јас го знам станува збор за млади лица исклучително млади лица кои се само радикализирале и станале дел од таа групација на ИСИС“, рече Ковачки.

Во емисијата пратеникот Ковачки наведе дека претходната власт оставила дамка на целокупниот безбедносен систем, знаела информации за таквите структури но и покрај тоа немало дејствување од страна на службите за решавање на проблемот, па наместо тоа тие се занимавале со бесмислено следење на членови од ВМРО-ДПМНЕ, и издавање на пасоши на лица кои се занимавале со криминал и корупција, без да се даде приоритет на безбедноста и мирот во државата.

„Службите имале информации за таквите структури, меѓутоа изостануваше акција  а зошто изостануваше акција затоа што во изминатиот период службите наместо да се занимаваат со тоа што им е работа тие се занимаваа со следење на опозицијата со следење на лидерот на опозицијата, во тоа време зборувам за господинот Христијан Мицкоски, се занимаваа со следење на раководството на партијата, не алармираа, не ги идентификуваа потенцијалните опасности кога се издаваа пасоши на секакви атентатори на лица инволвирани во тешки криминални активности“, изјави Ковачки.

Исто така тој додаде дека сега ситуацијата е сосема поинаква благодарение на новата Влада која суштински се занимава со проблемите во државата за целосно искоренување на сето она што ја нарушува безбедноста на граѓаните, и смета дека е за поздравување акцијата која е  спроведена од страна на МВР за конечно разбивање на терористичките групи.

„Сега гледаме еден квалитативен исчекор за само шест месеци службите организирано идентификувале, преземени се акции од страна на МВР и можеме да видиме дека е постапено по тие информации што е за поздравување и повторувам вакви ситуации и случаи имало во минатото, јас сум прилично уверен такви ситуации има затоа што напредокот на технологијата меѓутоа и некои радикални идеологии напредуваат за жал во моментов“, вели Ковачки.

25.12.2024 - 19:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега