Ковачевски: Успеавме да ја зголемиме просечната плата на 630 евра

Јас знам дека многу работи можеа и подобро да се направат или подобро да се завршат, никој никогаш не бил совршен кога седел на која било одлучувачка позиција, и мора да се признаат грешките. Но мора и да се покажат фактите дека за  овие 7 години државата од заробена држава стана демократска држава, членка на НАТО, отпочна преговори со ЕУ и има економски резултати а сите полиња од она што го имаше претходната Влада на ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска на отворање на промотивен Штаб на СДСМ во Кисела Вода.

Нашите економски резултати се факт. И затоа тие не ги коментираат. И затоа секогаш кажувам дека треба да сме горди на она што го постигнавме, затоа што со напорна работа секкогаш следуваат вистински резултати и не постои недостижна цел, додаде тој.


-Факт е дека изборното ветување од 500 евра до 2024 година го надминавме. Просечна плата денеска, во време на СДСМ изнесува 630 евра. Просечната плата во време на ДПМНЕ изнесуваше 360 евра. Цели 270 евра повеќе во семејниот буџет. Да нема дилема, платите ќе продолжат да растат со СДСМ. И тоа ќе го покаже и новата програма, ќе биде покажано како во наредните години ќе расте и просечната и минималната плата, рече Ковачевски.  


Факт е и дека минимална плата денеска, во време на СДСМ е далеку поголема од тоа што беше во 2016 година, потенцираше Ковачевски додавајќи дека „Во време на ДПМНЕ изнесуваше 8.000 денари за да денес имаме зголемена на 23.000 денари односно за 120% поголема минимална плата“.


-Затоа што застанавме на страна на работнивите, синдикатите и системски го решивме ова прашање еднаш засекогаш. Да не зависи никој од избори ниту од нечија политичка волја, дециден беше Ковачевски.


Зборувајќи за пензиите Ковачевски посочи дека  просечната пензија денес е за 6.400 денари поголема во однос на 2016 година а минималната пензија денес е за речиси 50% повисока во однос на она што беше во 2016 година.


-Факт е и дека и со зголемени плати и со зголемена минимална плата и со зголемени инвестиции кај нашите компании невработеноста изнесува под 13%, од фамозните 25% невработеност во време на ДПМНЕ. Тоа е историски најмало ниво на невработеност во државата. И не мора никој да не фали, јас ги гледам луѓето кога одат на работа и ги гледам и билбордите дека се бара работник повеќе тоа за тоа што најголлемиот дел од нашите сограѓани се веќе вработени. Граѓаните највеќе сведочат за тоа, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

19.02.2024 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа