Ковачевски: Со Таравари не разговаравме за влез во Владата или за ресори во кои би презеле одговорност

 

Премиреот Димитар Ковачевски тврди дека вчера со Арбен Таравари не разговарале за влез на Алијанса за Албанците во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека вчера во медиумите се појавиле неточни шпекулации за наводен ручек меѓу Ковачевски, Таравари и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Вчерашната средба со Таравари ја оцени како продолжение на лидерската средба.

-Разговаравме за европската иднина на државата, но пред се за сите закони и реформи кои се однесуваат на владеењето на правото, борбата против корупцијата и справување со електро-енергетската криза, рече Ковачевски додавјаќи дека во Собранието има неколку закони кои се блокирани поради Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, сите политички партии чија цел е европска иднина на државата како полноправна членка на Европскта Унија секогаш ќе имаат отворена врата да соработуваат со него.

-Не разговаравме конкретно за влез во Владата или за ресори во кои би била презема одговорност, рече Ковачевски, додавајќи дека секогаш постои можност за проширување на владината коалиција, но тоа треба да го покаже времето, бидејќи станува збор за договор меѓу повеќе субјекти.

Премиерот рече дека сите партии кои сега се дел од владината коалиција се информирани за вчерашниот состанок со Таравари и за се што било разговарано на тој состанок. Рече дека тој секојдневно е во комуникација и со ДУИ и со ЛДП, но и со сите политички партии кои се дел од коалицијата.

Ковачевски најави дека во текот на целата идна недела ќе има состаноци со претставниците на политичките партии.

19.11.2022 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега