Ковачевски со сопругата на прием кај Бајден: Погледнете во што беа облечени (ФОТО)
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2022/09/22/kovachevski.png?itok=14F4a3nQ)
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со сопругата Елена Ковачевска, присуствуваше на свечениот прием за претседателите на држави и влади, организиран од претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден. Приемот во организација на претседателот Бајден, се одржа во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.
„Присуството на премиерот Ковачевски на приемот организиран од претседателот Бајден е уште една потврда на долгогодишното стратешко партнерството на Северна Македонија со САД, како и поддршката што како држава ја добиваме во исполнување на клучните цели, но и за реализација на предвидените приоритетни политики за економски, социјален и демократски просперитет на државата.
Придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО и стратешкото партнерство со САД, се од исклучително значење за нашата држава особено во овој период на глобална економско-енергетска криза со која се соочува целиот свет“, се наведува во соопштението на Владата доставено до медиумите.
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2022/09/22/bajden.jpg?itok=-yARf04N)
Сопругата на Ковачевски има кратка коса. За вечерниот изглед се одлучи да се појави во блуза на куси ракави, свилена, во црна боја и здолниште со цветови.
Како Ви се допаѓа нивниот изглед?
22.09.2022 - 19:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа