Ковачевски - Штајнмајер: Германија сака да ја види Северна Македонија во ЕУ
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2022/11/29/29112022pvrsmsredbapresge1.jpeg?itok=K3sR5LAC)
Во рамки на посетата на Претседателот на Сојузна Република Германија Штајнмајер, се одржа и билатерална средба на двете делегации во Владата на Република Северна Македонија. На билатералната средба од страна на владината делегација присуствуваа и првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Претседателот Штајнмајер изјави дека Германија сака да ја види Северна Македонија што е можно поскоро во Европската Унија. Детерминираноста за спроведување на реформите е клучна за да се зачува демократијата и европските вредности.
На средбата заеднички беше констатирано дека целата поддршка и напори кои ги вложуваат двете земји, вклучително и претстојните уставни измени се во насока на обезбедување на европска иднина на граѓаните.
Покрај сојузништвото и партнерството во НАТО, ООН и ОБСЕ, Германија оваа година имаше и успешна улога во Берлинскиот процес кој резултираше со три потпишани договори за меѓусебно признавање на академските квалификации/дипломи, професионалните квалификации и патните исправи.
Сојузништвото и сплотеноста се особено видливи во усогласеноста со ЕУ и како НАТО сојузници во поддршката за Украина.
Денешната посета е потврда на пријателството и соработката. Блиските релации на двете земји се потврдуваат и преку економската соработка. Германија е прв и најголем економски партнер на Северна Македонија, која околу 45% од целокупниот извоз го извезува во Германија. Околу 200 компании во Северна Македонија се германски компании меѓу кои и WPD која вложува околу 500 милиони евра во ветерна електро-централа со моќност од 415КВ во Куманово - Крива Паланка, и која претставува сериозен чекор во производството на електрична енергија од обновливи извори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа