Ковачевски: Нема зборови кои ќе ја надоместат болката и тагата на оние кои денеска изгубија свои блиски во Белград

 

Трагична вест од Белград, нема зборови кои ќе ја надоместат болката и тагата на оние кои денеска изгубија свои блиски, напиша премиерот Димитар Ковачевски на „Фејсбук“ по трагедијата што се случи утрово во ОУ „Владислав Рибникар“ на Врачар во Белград, кога ученик на возраст од 14 години застрела осум деца и лице за обезбедување.

Ковачевски во име на Владата и во свое лично име изрази длабоко и искрено сочувство за загубените животи.

-Нашите мисли се со српскиот народ и семејствата на починатите и повредените, со надеж за брзо закрепнување, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Во денешниот инцидент во основното училиште во Белград убиени се осум деца и член на училишното обезбедување, а седумина се ранети. На вонредната прес-конференција, началникот на белградската полиција Веселин Милиќ изјави дека осомничениот сам пријавил во полиција дека застрелал неколку луѓе. Ученикот го планирал кривичното дело подолг временски период. Мотивот се уште не е утврден, ниту пак тој го кажал.

03.05.2023 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега