Ковачевски: Македонскиот јазик е во сржта на македонскиот идентитет

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски во чест на 5 мај, Денот на македонскиот јазик испрати порака преку социјалните мрежи.

 

„5 мај е Денот на македонскиот јазик.

Денеска им оддаваме почит на сите оние кои го создавале писмениот, литературен, стандарден македонски јазик.

Нашиот долг кон идните генерации е да го негуваме и да го шириме. Македонскиот јазик е во сржта на македонскиот идентитет и посебност и како таков ќе го штитиме и чуваме“, напиша Ковачевски.

05.05.2022 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега