Ковачевски: Чувството на граѓаните за преговорите со Бугарија го делев и јас, како некој да ве сече во стомакот
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски гостуваше во „ТВ24“ каде што имаше интервју во кое ги спомена и преговорите со Бугарија.
„Јас ќе бидам искрен со вас, јас бев тој кој учествуваше во преговорите со Бугарија и го делев истото чувство со македонските граѓани. Чувството кое што го имав е чувство кое го имаа граѓаните. Кога се водеа преговорите, тоа беше како некој со нож да ве сече во стомакот. Но, на крајот на денот мора да донесете одлука за идните генерации“, кажа Ковачевски.
Ковачевски, исто така, кажа дека изборот на имиња на бугарски здруженија кои се отвораат во Македонија нема да ги подобрат односите меѓу двете земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа