Олимпискиот медал направи Бутел да биде најпозната општина во Македонија. Спортот прави чуда и создава историја, изјави кандидатот за градоначалник на општината, Дарко Костовски.

„Во Бутел направивме спортска револуција, изградивме 5 спортско-рекреативни центри, направивме 13 спортски терени, 12 игралишта за деца, реконструиравме 2 училишни сали, директно помагаме на спортските клубови.

Доделуваме над 200 стипендии за најдобрите спортисти од општината.

Спортот раѓа здрава младина и дисциплина.

Дисциплината создава подобро општество.

Спортот ќе продолжи да биде еден од моите врвни приоритети“, изјави Костовски ов ВМРО-ДПМНЕ.

Exit mobile version