Костовски: Не е само проблем тоа што Смилевски се дружи со криминалци, поголем проблем е што тие раководат со Бутел
,,Бутел стана Тексас, вака не било никогаш. Има еден куп нерасветлени убиства, обиди за убиства и пукања, да не ги штитите вие, зошто се нерасветлени, да не сте другари?” – ова денеска го запраша Дарко Костовски кандидатот за градоначалник од СДСМ за Бутел Велимир Смилевски на соочувањето во Студио 10 во Телевизија 24 помеѓу двајцата кандидати за градоначалници на Бутел.
Костовски пренесе и порака од своите сограѓани Албанци со кои се сретнал во изминатиов период, дека ќе гласаат за ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата поради тоа што Велимир Смилевски општината ја претворил во приватна сопственост во која шефуваат криминалци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа