Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно

    23.03.2026 во 13:16

    Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

    23.03.2026 во 13:06

    ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата

    23.03.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно
    • Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел
    • ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата
    • Кузеска: Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери – дали се загрозува финансиската стабилност
    • ФОТО: Цената на нафтата „потона“ по изјавата на Трамп
    • Драма на гранците: Полицијата ги забрани протестите, транспортерите успеаја да го блокираат само „Свилај“
    • Трамп ги одложи воените удари врз Иран: Наредив 5-дневна пауза, имаме продуктивни преговори
    • Манасиевски: Дали 1,5 милиони евра од „Рекет“ завршиле во џебот на новиот ПР шеф на СДСМ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Костадиновски алармира: Итно е потребен нов судија

    Костадиновски алармира: Итно е потребен нов судија

    26.12.2025 во 17:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати итен апел до Собранието и Судскиот совет да се пополни испразнетото судиско место, предупредувајќи дека некомплетниот состав веќе предизвикува сериозни проблеми во одлучувањето. На годишната прес-конференција, тој откри дека од мај до денес, Судот има десетина предмети за кои не може да се донесе одлука поради немање мнозинство.

    Меѓу закочените предмети е и оној за пензиите, за кој Костадиновски појасни дека одлуката ќе биде донесена веднаш штом се избере деветтиот судија. Тој исто така упати остра порака до политичарите за поголема уставно-правна култура и воздржаност од етикетирања.

    За следната година, Костадиновски најави дека Уставниот суд ќе воведе „уставна дисциплина“ за законодавната и извршната власт, кои често не ги почитуваат роковите.

    „Веќе имаме проблеми. На вчерашната седница имавме не еден, три предмети во кои немавме мнозинство. Значи од заминувањето на колешката во мај месец, до денес мислам дека имаме десетина предмети кадешто немаме одлука. И повторно, неблагодарно е да ги квалификувам како важни или помалку важни. Сите наши одлуки се важни“, изјави Костадиновски.

    Популарно

    Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно

    23.03.2026 во 13:16

    Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

    23.03.2026 во 13:06

    ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата

    23.03.2026 во 12:50

    Кузеска: Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери – дали се загрозува финансиската стабилност

    23.03.2026 во 12:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.