Јавната функција носи одговорност и јас сум подготвен да одговорам за секоја своја одлука затоа што знам дека сум ја носел согласно законот и по претходно спроведени процедури и постапки.

Подолг период сум изложен на континуирани јавни објави во кои моето име се поврзува со неосновани сомневања и обвинувања, веројатно заради нечии дневни интереси и интриги.

Нивното постојано повторување создава впечаток дека одговорноста е веќе утврдена, пред да бидат слушнати моите аргументи и оценети доказите кои ги имам во огромен број.

(По препорака од мојот правен тим,) досега бев воздржан од почит кон постапките и институциите, оти само на тој начин можеме да градиме вистинска европска правна држава,

Таа воздржаност е свесен избор, а не отсуство на аргументи, пишува на фб екс градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов за кој денеска беше поднесена кривична пријава.

Својата одбрана ќе ја водам таму каде што се утврдува вистината и се одлучува за одговорноста.

Од медиумите очекувам точно и одговорно известување, а од сите учесници во јавниот живот, почитување на моето достоинство и презумпцијата на невиност. Критиката е составен дел од демократијата. Однапред изречената пресуда ја поткопува правдата и ја нарушува и тоа како довербата во институциите.

Не барам доверба на збор. Барам простор фактите да бидат слушнати и доказите непристрасно оценети.

Подготвен сум да одговорам за своите постапки. Верувам во владеење на правото и најостро се противам на начините за избегнување на правда на кои сме сведоци, како 50 тони фатени нелегална марихуана и многу други за кои слушаме постојано.

Очекувам и другите да ја преземат одговорноста за јавно изговорениот збор. Почитта што ја покажувам кон институциите и кон јавноста, ја очекувам и кон себе.

А за секој кој одлучил да ми нанесува штета свесно на мене на моето новородено дете и целото мое семејство кое својот авторитет и дигнитет го градел со години помош и поддршка на сите, одговорно тврдам дека нема да остане заборавено и без одговорност, пред институциите, пишува Костадинов на фб.

Exit mobile version