Поранешниот градоначалник на Струмица, Коста Костадинов, преку статус на социјалните мрежи информираше дека донел лична одлука да го одмрзне своето членство во матичната партија СДСМ.

По доволно поминато време и по донесена лична одлука, одлучив да го одмрзнам моето членство во СДСМ, истакна Костадинов.

„Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување.

Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно.

Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во имe на секој еден социјалдемократ“, напиша Костадинов.

Exit mobile version