Поранешниот градоначалник на Струмица, Коста Костадинов, денеска излезе со реакција во која ги отфрла во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси, за која СВР Струмица поднесе кривична пријава против него и уште пет лица.
Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица, истакна Костадинов.
Костадинов потенцираше дека проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица, со јасни насоки за формирање Јавно Сообраќајно Претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот.
„Верувам дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони. Истовремено, сакам да потенцирам дека лично јас, а се надевам и сите наведени лица за кои што постои сомневање дека сториле кривично дело, стоиме на располагање на сите надлежни органи и институции со цел да им биде елаборирано и појаснето на каков начин е спроведен овој проект кој денес беспрекорно функционира во пракса.
Политички коментар не би сакал да давам“, нагласи Костадинов.
- ФОТО: Македонскиот пејач скршен по загубата на својот татко – „Непребол”
- Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани
- Зеленски: Блискиот Исток ја ослабнува Украина, Путин профитира
- Влегол во црква за да краде – Македонската полиција го фати на дело
- Димитровски на форум во Трст – Инвестициите во енергетскиот сектор во фокусот
- Германците го решаваат проблемот со високите цени на бензинските пумпи: Еве како
- АХВ ги тресе домовите за стари лица: Уништена небезбедна храна, казни и забрани за работа
- Над Америка експлодира огромен метеор од 7 тони


