На 17.03.2026 година, околу 23:40 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 26-годишниот С.Х. од Струмица, кој бил затекнат при извршување тешка кражба во католичката црква Успение на Пресвета Богородица.
С.Х. со употреба на сила влегол во црквата и одзел пари. Откако настанот бил пријавен, полицијата го затекнала на лице место и го привела. Со него било присутно и неговото малолетно дете, по што Центарот за социјални работи Струмица го предал детето на неговата баба.
Против С.Х. е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе следи поднесување на соодветна пријава. Тој е задржан во полициска станица додека трае постапката.


