Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри критики до СДС и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), тврдејќи дека овие две организации ја губат поддршката од граѓаните поради обиди за манипулација на работничката класа.

Според Петрушевски, вчерашниот протест на ССМ не бил предводен од вистински работници, туку од партиски активисти.

„Наместо на протестот да бидат вистинските работници, протестот на ССМ беше предводен од раководствата на локалните ограноци на СДС, кои со партиски маички беа во првите редови. Автобусите во организација на лица од СДС, кои патуваа празни за Скопје, се доказ дека протестот на ССМ беше неуспешен“, изјави Петрушевски.

Тој додаде дека првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, свесно работи во интерес на опозицијата, а не за заштита на работничките права. Петрушевски заклучи дека вистинските членови на синдикатот веќе се сомневаат дали се дел од синдикално здружување или од политичка партија, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ останува единствениот партнер на работникот.

Exit mobile version