Добредојде за претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје, напиша на социјалните мрежи шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски.
Попладнево, во рамки на неговата регионална посета, го пречекавме претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Посетата претставува значајна можност за размена на мислења за европската перспектива на државата, реформската агенда и понатамошните чекори во евроинтегративниот процес. Очекуваме отворена и содржајна дискусија за надминување на предизвиците и забрзување на европскиот пат на државата, стои во објавата на Муцунски на ФБ.


