Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, при презентацијата на извештаите за напредокот на земјите кандидатки, порача дека следната година ќе биде „момент на вистината“ за сите, а особено за оние со високи амбиции. Таа ја нагласи потребата од спроведување на реформи за трајна трансформација кон демократските стандарди на ЕУ.

Кос оцени дека 2025 година била добра година за политиката на проширување, при што Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина постигнале „значителен напредок“.

За жал, еврокомесарката нагласи дека Македонија, заедно со Косово и Босна и Херцеговина, не постигнала напредок на европскиот пат поради различни причини.

Високата претставничка за надворешна политика, Каја Калас, потврди дека земјава сѐ уште не ги спровела уставните реформи, иако склучила договор за одбранбено и безбедносно партнерство со ЕУ.

Exit mobile version