Корпоративен прием по повод јубилејот 20 години од Фероинвест и БРАКО
Компанијата ФЕРОИНВЕСТ и фабриката БРАКО вечерва со корпоративен прием официјално ќе го одбележат 20-годишниот јубилеј и значајната годишнина од успешното работење во изминатите две децении, што се смета за успех на секое стопанство и држава.
БРАКО и ФЕРОИНВЕСТ се основани во 2003 година и ја започнаа својата работа со производство на жица и жичани производи, за денес групацијата да произведува електрични и водородни возила за одржување јавна хигиена, метални конструкции и автоматизација, медицински мебел и опрема, да предводи на слободниот пазар во снабдување со електрична енергија и да биде лидер во изградбата на електрани од обновливи извори - фотоволтаични, биогасни и мали хидроелектрани, како прва фирма која пред повеќе од една деценија ја почна енергетската транзиција во земјата.
Компанијата има близу 1000 вработени, од кои 100 инженери, што ја прави да биде фирма со најголем број на инженери во Македонија.
Производите се извезуваат во над 60 земји од целиот свет, пред се на пазарите во Западна Европа и САД, каде квалитетот и професионалното работење се основен услов за успех.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа