Коронавирусот може да се задржи на облеката и предметите и по неколку дена: Посебно се опасни дрвени површини и памук- како да се заштитите
Ако сте навикнале да прскате средства за дезинфекција на вашата работна маса, компјутер, рачки, врати, работна маса, мобилен телефон, чанта ... секој час од почетокот на пандемијата на коронавирусите, не плашете дека сте претерале.
Сега е научно докажано дека честичките што содржат коронавирус остануваат на предметите и неколку дена, претворајќи се во микроскопски филм кога ќе испари водата од капките.Всушност, повеќе од 99,9 проценти од течноста исчезнува за неколку минути, но вирусот преживува во заштитен филм на преостанатата течност.
Филмот целосно испарува во различно време, во зависност од материјалот - трае 24 и 16 часа на нерѓосувачки челик и бакар, 80 часа на стакло и може да преживее на полипропилен повеќе од 150 часа!
Овие бројки се базираат на експерименти извршени во лабораториски услови и се претпоставува дека тие би можеле да бидат нешто пониски во вон-лабораториски услови каде што има променливи количини на топлина и проток на воздух - фактори кои поттикнуваат испарување.
Раинис Бардвеј и Амит Агравал, професори од Институтот во Бомбај, специјализираат за користење компјутерско моделирање и физика за да разберат како капките на коронавирусите можат да ја шират болеста.
Претходно, тие открија дека носењето маска на лицето ја намалува големината на облаците на заразни честички на вирусот корона кога некој кашла до 23 пати.
Течноста испарува, вирусот преживува
Податоците од студијата, објавени во списанието „Физика на флуиди“, откриваат дека дебелината на заштитниот филм полека се намалува, но дека количината на коронавирусот во него опстојува.
- Пожелно е да се дезинфицираат површини што често се допираат, како што се рачки на вратите или работи што често ги користиме, како и внатре во болниците со цел да се спречи ширењето на инфекцијата - вели Агравал.
- Препорачуваме и загревање на површината, бидејќи дури и краткорочните високи температури, на кои површината е на повисока температура од собната, може да поттикнат испарување на нанометрискиот филм и со тоа да придонесат за уништување на вирусот.
Корисниците на паметни телефони треба редовно да ги чистат своите екрани за да се заштитат од ковид 19 , предупредуваат научниците.
Покрај екранот на телефонот, памукот и дрвото се материјали што можат да обезбедат безбедно засолниште за вирусот и кои исто така треба темелно да се исчистат, апелираат научниците. Имено, памукот и дрвото се материјали со висок ризик, бидејќи заразни капки што содржат корона вирус не испаруваат брзо од овие површини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа