Амбасадорот на Република Кореја, Ким Донгбае, денес ќе го посети Собранието.
Според информациите од собраниската служба, тој ќе се сретне со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Воедно, членовите на Комисијата за локална самоуправа денес ќе одржат средба со претставници на Националниот демократски институт (НДИ) во Република Северна Македонија.

