Кордалов: Дигитализацијата не се спроведува со стратегии на хартија – еве конкретни предлози


Дигитализацијата не можеме да ја спроведеме со константно носење на стратегија и разни планови на хартија. Потребно е да се засукаат работите и суштински да се работи, вели за Детектор комуникологоти Претседател на ИДУЕП Бојан Кордалов. Тој на надлежните им даде серија конкретни предлози со кои може значително да се засили процесот на дигитализација.

„Еве јас ќе ви набројам три конкретни работи кои може уште од утре да се направат. Под 1, стимулација за граѓаните и компаниите. Веќе дадовме таква инцијатива пред 2 години. Иницијатива со која сите онлајн услуги ќе станат 90% поевтини во период од 1 година. Тоа ќе значи дека секој човек, секоја компанија ќе пројде низ тој процес. Ќе се зајакне довербата во процесот, дигитализација ќе се намали стравот и утре кога ќе се вратат редовните цени вие ќе сфатите низ пракса дека нема потреба да одите на шалтер и да губите време, едноставно одите со еден клик. Од друга страна вршите притисок врз администрацијата да биде изложена и да ги спроведува услугите. Под број два повеќе поврат на средства од апликацијата Мој ДДВ во ситуација кога вие пазарите онлајн. Значи стимулирајте некој процент плус за луѓето да почнат да го прават тоа. Не се губат работни места, ќе се отворат нови. Доставувачи, луѓе што ќе сортираат, работните мета се тука, само се реорганизира процесот.  Стимулација за администрација. Значи не само притисок. Секој година слушаме дека има потреба од зголемување на платите .Во ред е но од друга страна треба и сервис за граѓаните. Владата треба веднаш да каже, онаа институција која целосно ќе ги дигитализира услугите кон граѓаните во истиот момент кога тоа ќе го направи ќе добијат сите вработени 10% покачување на платата. “ – предлага Кордалов

 

19.03.2023 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа