Конгресот го отповика Трамп

Американскиот Конгрес на седницата одржана денеска, усвои член околу отповикување на досегашниот претседател Доналд Трамп, кој се товари за поттикнување на нередите во Капитол минатата недела.

Трамп со тоа стана првиот претседател на САД кој бил два пати отповикан.

Најмалку девет членови на Републиканската партија поддржаа отповикување на Трамп. Отповикувањето е успешно ако има поддршка од сите Демократи, и најмалку пет Републиканци.

Во резолуцијата за отповикување, има само една точка која гласи: „поттикнување на насилство“.

Заседавањето денеска траело околу девет часа. Одлуката за почеток на дебата за отповикување ја поддржаа 221 пратеник, додека против биле 203.

Претходно Трамп обидот за импичмент го нарече „смешна одлука“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега